Калјари лесно го победи шампионот Јувентус

Јувентус официјално ја освои новата шампионска титула во Серија А и се опушти. Тимот на Маурицио Сари доживеа пораз од 2-0 на гостувањето против Калјари. Лука Галјано го доведе домаќинот во водство, а Џовани Симеоне пред самиот крај на првиот дел го постигна вториот гол за Калјари на овој меч.

Рома славеше со 2-3 на гостувањето против Торино. „Биковите“ поведоа со голот на Беренгер во 14.минута, но само две минути подоцна израмни Един Џеко. Крис Смолинг во 23.минута донесе пресврт со одличен удар со глава по корнерот од левата страна. Дијавара од пенал во 61.минута зголеми на 1-3, но Вилфрид Синго му даде уште малку надеж на Торино. Сепак, „волчицата“ на крајот ги освои бодовите за потврда на петтото место на табелата.

Фиорентина беше убедлива против Болоња и победи со 4-0. Федерико Киеза беше стрелец на хет – трик, а и Никола Миленковиќ се запиша меѓу стрелците.

Се вчитува...