Калјари со двајца играчи помалку до реми против Рома

Рома имаше водство од 0-2, на крајот и двајца играчи повеќе на теренот, но не успеа да стигне до триумф против Калјари. Домаќинот во последната минута од судиското продолжение стигна до реми, 2-2.

„Волчицата“ во првото полувреме покажа доминација и дојде до позитива од два гола. Кристанте во 14.минута го отвори резултатот, а Коларов зголеми на 0-2 во 41.минута.

Калјари во 85.минута постигна погодок преку Јонита, а потоа и поради нервозни реакции, беа исклучени двајца фудбалери на домашниот тим, Фараго и Срна. Но, во 95.минута, Марко Сау успеа да донесе израмнување и еден бод за Калјари.

Се вчитува...