Калум Хадсон Одои се пресели во Баер Леверкузен

Калум Хадсон Одои од денеска и официјално е нов фудбалер на Баер Леверкузен. Англичанецот во Бундеслигата доаѓа од редовите на Челси како позајмен играч до крајот на сезоната и се очекува да биде големо засилување на „фармацевтите“.

Крилниот напаѓач беше дел од Челси уште од најрана возраст, но не успеа да се наметне во првиот тим. Оваа сезона беше замена на првите три средби од Премиерлигата, но не доби шанса. Сепак тој останува во долгорочните планови на „сините“ и во иднина се очекува да добие стандардно место во тимот.

 

Се вчитува...