Кам-бек од соништата: Несторовски се врати и донесе „злато“ вреден триумф за Удинезе (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски беше херој на Удинезе откако донесе победа над Торино од 2-3. Гостите поведоа со голот на Пусето во 24. минута, додека во 54. Де Паул зголеми на 0-2. Сепак, следеше мал пад па во само две минути (66. и 67.) преку Белоти и Бонацоли домаќините израмнија на 2-2.

Тогаш на сцена стапи македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој само седум минути по влегувањето во игра донесе големи три бода за тимот од Удине.

 

 

Се вчитува...