„Кам-бек“ во Ла Лига – Покетино добил понуда од Севиља!

Aргентинскиот стратег Маурисио Покетино е пред враќање во Ла Лига откако добил повик да го предводи тимот на Севиља.

Како што пренесува „Естадио Депортиво“ Покетино бил контактирал од клубот од Андалузија кој наводно сака да се раздели со Јулијен Лопетеги после лошиот почеток на сезоната.

Севиља има само еден бод после четири одиграни кола во Ла Лига и ако нешто не се промени нешто брзо Лопетеги ќе остане без работа. Како прв фаворит во овој момент важи Покетино кој е без работа откако си замина од ПСЖ на почетокот на ова лето.

За потсетување, Покетинот во Шпанија со голем успех го предводеше Еспањол од 2009 до 2012 година после што се пресели во Премиер лигата каде што беше дел од Саутемптон и Тотенхем.

Се вчитува...