Кам-бекот е се поблизу, Квитова се пријави за Ролан Гарос

Петра Квитова е многу близу до камбек на тениските терени, откако чешката тенисерка мина успешно уште една фаза од рехабилитациската програма по шокантните настани во месец декември, кога Квитова беше прободена во својот дом. Најмногу настрада левата рака, по што следеше и итна операција, но како што стојат работите Петра повторно ќе ја гледаме на врвните турнири ширум светот. Впрочем, таа денеска објави дека се чувствува се подобро, па дури и се пријавила за настап на Ролан Гарос иако е неизвесно дали навреме ќе се рехабилитира целосно за да може да игра овој гранслем турнир.

Здраво до сите. Сакам да соопштам дека моето име ќе се најде меѓу потенцијалните учесници на Ролан Гарос, бидејќи крајниот рок за пријавување наскоро ќе истече. Тоа не значи дека сигурно ќе играм во Париз, но со оглед на значителниот напред во последно време, сакам да си ја дадам секоја можна шанса доколку сум здрава да настапам на овој гранслем турнир. Пред мене се уште е пат што треба да го изодам, но верувам дека со позитивна мисла можам што поскоро да се вратам на терените“ – порача Петра Квитова.

Се вчитува...