Синоќа Реал Мадрид го победи Депортиво Алавес со 2:1 пред своите навивачи во натпреварот од 33-то коло од Ла Лига, но главна тема се свирежите што ги добија играчите на кралскиот клуб и особено Едуардо Камавинга. Токму Французинот се најде во центарот на вниманието дури и кога заврши натпреварот поради она што го направи.
Французинот го почна мечот од клупата, а во вториот дел беше уфрлен во игра. Но, неговото влегување не мина незабележано, со оглед дека целиот стадион го исвиркуваше. Навивачите на Реал сметаат дека тој е виновникот за елиминацијата на клубот од Лигата на шампионите после поразот од Баерн Минхен, кога доби црвен картон во самиот финиш, а противникот тоа го искористи и со два гола го сврте резултатот во своја корист.
По завршување на мечот Камавинга остана на теренот подолго од сите играчи, и бараше прошка од навивачите. И покрај свирежите, можеше да се чуе и аплауз. Навивачите очигледно препознаа колку му е тешко и затоа му дадоа поддршка.
Имаше информации дека Камавинга по мечот со Баерн плачел во соблекувалната за случувањата на теренот во Минхен.
Воедно, Французинот вчера го прослави својот 150-ти настап во дресот на „кралевите“.
Eduardo Camavinga says sorry to the Real Madrid fans after his red card in Munich 🙏
🎥 @AbrahamPRomero pic.twitter.com/GDT6vQcSkb
— 433 (@433) April 21, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

