Камбек за историја: ЛА Клиперс се врати од „минус 31“ и го победи Голден Стејт

Кошаркарите на ЛА Клиперс приредија сензација откако го зедоа скалпот на шампионот Голден Стејт, славејќи на гостински терен со 131-135 иако во текот на третата четвртина имаа и неверојатна негатива од 31 поен. Резултатот на полувреме гласеше 73-50 за Голден Стејт, а потоа во третиот период „воините“ имаа и неверојатни 94-63, пред да тргне фуријата на гостите од Лос Анџелес.

Како што одминуваше времето, така и предноста на Голден Стејт се топеше. Дебитантот Ландри Шамет погоди тројка на 15,9 секунди до крајот за водство на „клиперси“ од 131-133 на 15,9 секунди до крајот, на спротивната страна Кари промаши тројка, по што Харел од линијата за слободни фрлања ги постави конечните 131-135.

Лу Вилијамс со 36 поени 11 асистенции беше најзаслужен за најголемиот пресврт во историјата на НБА-лигата. Кај Голден Стејт најефикасен беше Кари со 29 поени, а проблем плус за тренерот Кер е повредата на центарот Казинс, кој беше повлечен од игра и не се врати на теренот.

Филаделфија израмни на 1-1 во серијата против Бруклин откако го доби вториот меч на домашен терен со 145-123. Пресудна беше третата четвртина во која домашните кошаркари постигнаа дури 51 поен (51-23) и практично ја осигураа победата уште последниот период од мечот.

Ембид беше најефикасен со 23 поени, а Симонс оствари трипл-дабл од 18 поени, 10 скокови и 12 асистенции, додека најдобар поединец кај Бруклин на вториот натпревар беше Динвиди со 19 поени.

Се вчитува...