Камелија Недев е светскиот шампион во традиционално карате за деца до 7 години

Надежите на македонското карате освоија еден златен и еден сребрен медал во категоријата деца 6-7 години во кати поединечно на Светскиот традиционален фудокан карате шампионат во Синделфинген, Германија.

Камелија Недев стана светски шампион во кати-поединечно, а Софија Јарчевска беше втора, во силна конкуренција во која учествуваа 55 натпреварувачки во најмладата категорија 6-7 години за деца. Тие исто така беа блиску до освојување на медали и во другите категории како Кихон и Кихон-ипон кумите за деца но за жал за малку им избега медалот во овие две дисциплини.

На Светското првенство учествуваат над 1200 каратисти од 43 земји. Денеска на шампионатот ќе настапат кадетите, јуниорите и младинците, а утре ќе настапат сениорите: Дејан Недев, Аљоша Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ.

Се вчитува...