Каменица Саса останува во Втората лига – Исток

ФК Каменица Саса и следната сезона останува во Втората лига – Исток, и покрај тоа што изминатиов шампионат согласно резултатите на зелениот терен се пресели во понизок ранг на натпреварување.

Комитетот за Итност при ФФМ, врз основа на искажаниот интерес од ФК Каменица Саса за натпреварување во второлигашката конкуренција во сезоната 2019/2020, донесе одлука ФК Каменица Саса да биде десеттиот член на Втората македонска фудбалска лига – Исток за сезоната 2019/2020. Одлуката следи откако претходно Дојранско езеро, Тиверија и Детонит јуниор ја одбија можност да играат во Втора лига.

 

Каменица Саса минатата сезона го освои осмото место во Втората лига – Исток со што, резултатски, се пресели во понизок ранг на натпреварување. Сепак, на крајот на ‘зелена маса’ доби останување во Втората лига.

„Оваа одлука не е донесена само заради интересот на нашиот клуб, туку е донесена бидејќи се исполнети сите критериуми за ФК Каменица Саса да се натпреварува во лигата, а тоа се спортските, административно-правните, инфраструктурните и финансиските критериуми согласно барањата за лиценцирање на ФФМ“ – информираа од ФК Каменица Саса.

Се вчитува...