Каменуван автобусот на Карпош соколи во Подгорица (ФОТО)

Натпреварот меѓу Будуќност и Карпош соколи што е утре на програмата во АБА-лигата имаше несакана увертира откако црногорски хулигани го скршиле автобусот на македонскиот клуб.

Вчера вечер, на паркингот  пред хотел „Подгорица“, во главниот град на Црна Гора – Подгорица, беше нападнат автобусот КК „Карпош Соколи“, од Карпош. Притоа, искршено е ветробранското стакло, и се украдени регистарските таблички на автобусот. Општина Карпош, го осудува ваквиот обид за притисок врз играчите на КК „Карпош Соколи“, и очекува надлежните служби во најскоро време да го расветлат случајот, односно да ги откријат причините и извршителите на овој инцидент“ – се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Општина Карпош.

Македонскиот клуб веќе неколку дена е во Црна Гора, откако во средата одигра натревар со екипата на Теодо во рамките од БИБЛ-лигата.

bus karpos3 bus karpos2 bus karpos

Се вчитува...