Камил Штох живее на улица Камил Штох

Од автобуската кон таверната, потоа кон аптеката, па кон хотелот и доаѓате до прекрасна куќа која му припаѓа на Камил Штох. Улицата која води до неа се вика Камил Штох. Трикратниот олимписки шампион во скијачки скокови е вториот полски спортист по Роберт Левандовски кој доби улица со негово име уште пред завршувањето на кариерата. Скромниот Штох не се согласувал со ваквата одлука, но жителите на неговото село Зонб биле упорни дека го сакаат токму тоа.

„Многу размислував и знаев дека не го сакам ова, но дека морам да се согласам. Не сакам да се експонирам, ниту да се туркам пред камерите. Секогаш сакам да бидам сосема надвор од бучавата што се создаваа околу мене. Но, морав да се согласам, немаше друго решение“ – изјави Штох.

За разлика од Левандовски кој можеби и никогаш нема да отиде на улицата со неговто име, Штох секојдневно ќе добива пошта на адресата со негово име, ќе оди во продавница на оваа улица и во сите документи ќе го пишува совето име на местото за адреса.

Се вчитува...