Кампацо по стапките на Тони Кукоч

Еден од најдобрите кошаркари на Аргентина на Мундобаскетот во Кина, Факундо Кампацо на вчерашниот меч против Србија, стигна до бројки кои никој ги немаше достигнато уште од Тони Кукоч и настапот на легендарниот Хрват на Светското првенство во 1994. година.

Кампацо стана првиот кошаркар по Тони Кукоч кој успеал на еден натпревар на Светските првенства да има повеќе од 15 поени, 10 асистенции, 5 скока и 3 украдени топки. Тој во победата на Аргентина забележа 18 поени, 12 асистенции, 6 скока и 3 украдени топки.

Не знам дали сме добри како генерацијата на Џинобили, но уживаме додека трае. И нема да се предадеме“ – скромно истакна Кампацо.

Се вчитува...