Кан и Салихамиџиќ понижени: Херои на минатото, лузери на сегашноста

Нaвивачите на Баерн Минхен се погласно го креваат гласот против управата на баварскиот гигант, незадоволни од потезите што ги влечат Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ откако го наследија легендарниот Ули Хенес како водечки лица во клубот.

Баерн делува како клуб без конкретна стратегија, а тренерската смена што требаше да ја смири атмосферата само донесе уште поголем раздор, па Тухел победи само на два од шесте натпревари како тренер на Баерн, притоа претрпувајќи елиминација од ЛШ и од Купот на Германија.

„Брацо и Кан: Херои на минатото, лузери на сегашноста“, беше напишано на еден од банерите што го поставија навивачите на Баерн за време на синоќешниот реванш на „Алијанц Арена“ против Манчестер Сити.

На полувремето зад еден од головите беше поставен огромен транспарент: „Целите можат да бидат промашени, но вредноста на клубот никако не смее. Испитајте си ја политиката на водење на клубот“, јасна е пораката на навивачите до Кан и до Салихамиџиќ.

Се вчитува...