Кан: Некои луѓе мислат дека е лесно во Бундеслигата, не е така

Поразот на Баерн Минхен од Аусбург беше прв пат по 87 одиграни меча „баварците“ да не успеат да постигнат гол во лигашки натпревар, а прв пат во 20 години да имаат низа од четири последователни натпревари без победа.

Неуспехот на домашната сцена на почетокот на сезоната донесе многу гласини за можна смена на тренерот Јилијан Нагелсман, но извршниот директор на клубот, Оливер Кан ги отфрли шпекулациите велејќи дека е незадоволен, а и покрај тоа му верува на младиот стратег.

„Засега немаме контакт со друг тренер и му веруваме на Јулијан. Нормално е дека не сме задоволни, не сме расположени. Мораме да ја најдеме главната причина и мораме да одиграме напаѓачки против Леверкузен. Некои луѓе мислат дека е лесно во Бундеслигата, но не е така“, вели Кан.

Се вчитува...