Кан во одбрана на тренерот: Тухел не е виновникот

Извршниот директор на Баерн Минхен, легендарниот Оливер Кан по поразот од Мајнц зборуваше за екипата и за тренерската смена. По заминувањето на Нагелсман и назначувањето на Томас Тухел, „Баварците“ беа елиминирани од Купот на Германија, потоа и од Лигата на шампионите, а сега се на пат да ја загубат титулата и во Германија.

Кан смета дека Тухел не е виновникот и дека треба секој да преземе одговорност за ова што се случува во Баерн. Тој смета дека новиот тренер е идеално решение за Баерн и дека треба да му се даде време.

„За каква неизвеност можеме да зборуваме тука? Не правиме доволно на теренот, повторно сме во истата дупка. Веќе пробавме многу опции со играчите. Во одреден момент секој од нив треба да преземе одговорност. Тухел е последната личност за која треба да разговараме. Тој се труди максимално момците да напредуваат. Не стравувам од критики. Минав низ многу работи во кариерата, и знам како е кога работите во Баерн не одат добро. Одговорноста е на секого од нас, само треба да ја прифатиме. Нема да се откажам ниту милиметар. И покрај поразот, можеме и натаму да бидеме шампиони“, рече Кан.

Се вчитува...