Канабис или пензија, за НФЛ – играчот Мајк Џејмс

Да му биде дозволено да користи канабис или ќе мора да се пензионира. Ова е изборот пред кој стои 27-годишниот НФЛ играч, Мајк Џејмс. Тој е првиот играч кој официјално побара лигата да му дозволи да користи канабис во медицински цели.

Неговото барање првично беше одбиено минатиот месец бидејки според НФЛ, Џејмс немал доволно уверливи докази за хроничните болки. Сепак, комуникацијата останува отворена и тој се надева дека ќе биде пронајдено долготрајно решение.

Мајк Џејмс бил селектиран од Тампа Беј во 2013 година, но кариерата му се закомпликувала кога морал да оди на операција на зглобот. Тогаше почнал да користи таблети против болка од кои стана зависен. Сега се обидува да најде решение на проблемот со тоа што би користел канабис за олеснување на состојбата.

Според една статистика на Универзитетот Вашингтон од 2011 година дури 52% од НФЛ играчите користеле лекови против болки во текот на кариерите, а 70% од нив станале зависни.

Не е тајна ниту дека НБА играчите користат канабис. Ова го потврдуваат и поранешни НБА ѕвезди.

Се вчитува...