Канада, САД и Мексико со заедничка кандидатура за фудбалскиот мундијал

Прв пат во историјата може да се случи три земји да бидат заеднички домаќини на фудбалски мундијал. Мексико, САД и Канада подготвуваат заедничка кандидатура за организација на СП 2026, објавија фудбалските сојузи на овие три земји.

Според ротацијата на ФИФА по континенти, во 2026 мундијалот треба да го организираат токму земјите од Северна и Средна Америка, бидејќи последен домаќин на СП од овој регион беше САД во 1994 година. Доколку успее кандидатурата на трите земји, тоа ќе биде прв пат три земји да бидат домаќини на СП. Официјалниот процес за поднесување на кандидатурите почнува на крајот од годинава.

Светското првенство во 2018 година ќе се одржи во Русија, а домаќин на СП 2022 е Катар.

Се вчитува...