Канадски тенисер брутално ги нападна Федерер и Надал – Им се ближи крајот, па затоа се себични

Канадскиот тенисер, Брајан Шур смета дека Роџер Федерер и Рафаел Надал се себични, бидејќи не се заложуваат доволно за нискорангираните тенисери. Тенисерите кои се натпреваруваат во квалификациите за Австралија Опен се соочија со голем проблеми, кои ги предизвикува загадениот воздух, кој настана од пожарите кои дивеат во Австралија.

„Иницијативата мора да биде покрената од момците кои се на врвот. Роџер и Рафа се себични луѓе. Мислат само на себе и на своите кариери. Им се ближи крајот и мислат само на тоа што ќе го остават. Не им е гајле за спортот, ниту да помогнат да направат нешто добро за сите“, изјави Шур. 

Шур настапот го заврши во второто коло од квалификациите на Австралија опен. Првиот грен-слем во сезоната почнува во понеделник.

Се вчитува...