Канаѓанката Жермен е сензационална победничка на слаломот на СП

Канаѓанката Лорнис Ст. Жермен е сензационална победничка во слалом на Светското првенство во Мерибел.

Канаѓанката со стартен број 18 имаше две врвни возења и дојде до најдобриот резултат во кариерата, до триумф со време од 1:43.15.

Водечката по првата трка, Микаела Шифрин дојде до среброто со заостанување од 57 стотинки.

Бронзениот медал замина во рацете на Германката Лене Дуер со време од 1:43.84.

Се вчитува...