Канатларовски „снимаше“ на дуелот во Штип… (ФОТО)

Новиот селектор на македонската репрезентација за фудбалери до 21 години, Драган Канатларовски денеска го следеше натпреварот меѓу Брегалница и Шкупи во Штип на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Канатларовски „снимаше“ дел од потенцијалите за престојниот септемвриски квалификациски собир на младата репрезентација.

 

Во друштво на популарниот Цапар беа и извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев и спортскиот директор на „сините“, Никола Тонев кои на крајот може да бидат задоволни од ремито без голови на својот тим со чаирчани.

 

Се вчитува...