Канаваро: Ќе биде катастрофа ако Италија не се пласира на СП 2022

Долгогодишниот италијански репрезентативец, Фабио Канаваро, е оптимист дека „аѕурите“ ќе успеат да се пласираат на СП 2022 во Катар.

Италија в четврток против Македонија ќе го игра првиот бараж-дуел за СП, а Канаваро смета дека би била катастрофа доколку „аѕурите“ втор мундијал по ред не бидат дел од светската фудбалска елита.

„Најпрвин ќе играме со Македонија во Палермо. Потоа пред нас би требало да е Португалија, иако ниту против Турците не би ни било лесно. Штета е што онака го прокоцкавме директниот пласман на СП на домашниот дуел со Швајцарија. Едно е сигурно, би била катастрофа Италија повторно да не се пласира на светското првенство. Повредата на Ди Лоренцо е лоша вест, но имаме доволно играчи што се во добра форма“, истакна Канаваро.

Се вчитува...