Канаваро по само два меча си поднесе оставка како селектор на Кина

Италијанскиот стратег Фабио Канаваро поднесе оставка од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Кина. Тој одлуката ја објави преку социјалните мрежи, со напомена дека сака да се фокусира на работата во својот клуб Гвангжу Евергранде.

Канаваро си заминува од селекцијата на Кина по само два меча. Тој ги водеше Кинезите на два натпревари на Купот на Азија, и на двата доживеа минимални порази.

Кинеските медиуми шпекулираат дека по тримесечна пауза повторно Марчело Липи би можел да ја води фудбалската репрезентација на Кина во квалификациите за Светското првенство во Катар.

 

Се вчитува...