Кандидат за претседател на Реал Мадрид: Нека ја исфрлат Барселона од лигата, сакам да исчезнат!

Младиот милијардер Енрике Рикелме одлучи да му се спротивстави на Флорентино Перез и да се приклучи во трката за претседател на Реал Мадрид. 37-годишникот даде големи ветувања и беше строг кон неговиот најголем ривал Барселона.

Тој го коментираше и случајот „Негреиро“ во кој Барса беше обвинета за купување судии. Иако нема ниту еден доказ дека тоа се случило, Реал сака да оди до крај со обвинувањата и верува дека Каталонците треба да ги сносат последиците.

Рикелме немаше ништо против најголемиот ривал да биде исфрлен во пониските рангови на натпреварувањето, а би сакал и целосно да се затвори. Тој го кажа ова јавно во ТВ емисија.

„Сакам да ја исфрлат Барса од лигата. Тоа би ме направило многу среќен. Сакам да исчезнат. Ни тоа не би ми пречело“, вели Рикелме и продолжи: 

„Дали Ла Лига ќе стане здодевна? Не ме интересира“, рече тој.

Амбициозниот милијардер има огромни ветувања пред изборите. Тој тврди дека има договори да ги донесе играчите на Манчестер Сити, Родри и Ерлинг Халанд, а доколку го освои мандатот, ќе го донесе и Витиња од ПСЖ.

Се вчитува...