Кандидатот за претседател на Барселона: Нема да лажам, немаме пари за Халанд и Мбапе…

Еден од трите кандидати за нов претседател на Барселона, Виктор Фонт, не сака да дава лажни ветувања на навивачите, па во предизборната кампања се одлучи да ја говори само вистината. За разлика од неговите противници, кои најавуваат спектакуларни засилувања, Фонт во интервју за каталонските медиуми повторно се осврна на финансиската ситуација во клубот, но и на новото засилување Ерик Гарсија.

„Заборавете на Мбапе, Халанд или играчите од тој вид и тој финансиски ранг. Барселона нема пари за нив. Утре сите кандидати за претседател, заедно со повремениот претседател Тускетц ќе се состанеме со цел да го договориме што побрзото враќање на Гарсија во Барселона“ – изјави Фонт.

Според Фонт доколку тој стане нов претседател на Барселона, најголемото засилување ќе биде Лео Меси…

„Најголемото засилувања ќе биде Меси бидејќи ќе остане доколку му предложиме победнички проект. Се уште немам зборувано со него, но тоа го направи Чави. Верувам дека ќе го увериме дека нашиот проект ќе биде најдобриот за Барселона“ – додаде Шпанецот.

Се вчитува...