Канељас ги чека платите од Вардар – Живеам од заштеда!

Шпанскиот репрезентативец во дресот на Вардар, Жоан Канељас е еден од најголемите малери во ракометот, кога се во прашање парите. Канељас каде и да отиде, клубот запаѓа во финансиска криза. Шпанецот тоа го помина во двата поранешни европски шампиони – шпанскиот Сиудад Реал и во германскиот Хамбург, а како што вели во интервјуто за „Марка“ натаму оди и актуелната ситуација во Вардар.

„ Веќе некое време ни велат дека ќе ни биде исплатено тоа што ни го должат, но тој ден никако да дојде. Ние веруваме во зборот на претседателот дека  до крајот на месецот ќе ни биде исплатено се или поголем дел од тоа што ни должи. Не ни се познати причините за ова доцнење, бидејќи не веруваме дека проблемите се од економска причина“ – вели Канељас.

Иако со Вардар го врзува договор до 2019 година, сепак шпанскиот репрезентативец вели дека старото искуство го тера да размислува и за „план Б“, бидејќи сега живее од старата заштеда. Уште повеќе што од клубот веќе си заминува тренерот Раул Гонзалес и повеќе од играчите. Кога ќе почне да доцни платата, без разлика колку му верува на зборот на претседателот, како што вели, стигнува нервоза.

Со моите лоши искуства, се тресам и на најмал проблем. Со оглед на моето минато, заостанатите долгови можеби на мене влијаат повеќе од другите. Кога имате 20 години, ако доцни платата два месеци не е ништо страшно, затоа што имате многу години пред вас. Но, на моја возраст веќе размислуваш за идните проекти и инвцестиции за да не завршиш како што си почнал на осумнаесет“ – вели 31-годишниот шпански репрезентативец.

Канељас вели дека, ако се биде во ред, може да го испочитува договорот со Вардар до крај, но и дека веќе размислува и за други понуди.

„Сите играчи кога ќе видат дека работие се малку несигурни, треба да разгледуваат и друга опција за нив и за нивните семејства. Иако овде ми е многу пријатно, мора да се бара и „план Б“. Колку порано, толку подобро. Се обидувате да останете настрана од тоа додека играте, но исто така кога ќе поминат неколку месеци, а работите не се решаваат, тоа има влијание. Бидејќи тука не сум само јас туку и моето семејство и ако работата не е како што треба, тогаш нема смисла да се продолжи“ – вели Жоан Канељас.

Се вчитува...