Канељас: Сакам Македонија да победува, но не против Шпанија

mec baner

Двајцата вардарци во репрезентацијата на Шпанија, Жоан Канељас и Алекс Душебаев, на СП во Франција, секогаш се на располагање за македонските медиуми и расположени за разговор со новинарите. „Нашите“ Шпанци се во фокусот посебно пред утрешниот дуел меѓу Македонија и Шпанија во рамките на 4.коло од Групата Б во Мец.

Канељас има многу пофални зборови за македонската репрезентација, посебно за капитенот Кирил Лазаров и за неговиот клупски колега од Вардар, Стојанче Стоилов.

Го гледавме мечот со Словенија и мислам дека Македонија не одигра најдобро на овој натпревар. Но, Македонија има добри играчи. Сепак, мораме да бидеме внимателни затоа што тоа е еден сериозен тим. Кирил Лазаров можеби не ја одигра својата најдобра партија на овој дуел, но тој еден од најдобрите светски бекови. Мојот клупски колега Столе Стоилов игра одлично на ова пвенство, тој е извонреден пивот, ќе мора добро да внимаваме на него. Ако сакаме да победиме ќе мораме да бидеме добро фокусирани и концентрирани.Следниот натпревар со Македонија и последниот со Словенија се многу важни за нас. Важно е да бидеме први во групата и да го задржиме победничкиот ритам во сите натпревари. Сакам и Македонија да победи во наредните мечеви, но не против нас“ – со насмевка порача Жоан Канељас.

Се вчитува...