Канонада по голот на Бенфика, па Конате носи водство за Ливерпул (ВИДЕО)

Одличен старт на натпреварот во Лисабон има Ливерпул кој успеа да погоди во мрежата на Влаходимос. Целосна иницијатива на гостите од „Енфилд“, канонада по голот на Бенфика, и конечно гол во 17. минута.

Робертсон изведе корнер, а Конате со глава го совлада голманот на Бенфика Влаходимос, кој претходно имаше три одбранети удари на играчите на Ливерпул. Бенфика, пак, не делува опасно, и натаму нема закана по голот на Алисон, и својата шанса ја чека од противнапади.

И после голот, Ливерпул продолжи да напаѓа и оди по втор гол.

Се вчитува...