Канте го матира Де Хеа, Челси во полуфиналето на ФА Купот на Англија

Челси се пласира во полуфиналето на ФА Купот на Англија, откако на „Стемфорд бриџ“ го совлада Манчестер јунајтед со 1-0, со голот на Н’Голо Канте во 51.минута од средбата. Тоа е втор гол за Французинот оваа сезона, и вторпат го матира Давид Де Хеа, чуварот на мрежата на „црвените ѓаволи“.

Тимот на Жозе Мурињо во Лондон допатува значително ослабен, без Ибрахимовиќ, Руни и Марсијал, а маките се зголемија во 35.минута од мечот, кога Андер Херера заработи втор жолт картон и беше исклучен. Челси успеа на самиот старт од вториот дел да стигне до водство, а осум минути подоцна колосална шанса за израмнување имаше Маркус Рашфорд. Младиот напаѓач на Јунајтед се избори за убава можност, излезе сам пред Тибо Куртоа, но голманот на Челси ја спаси својата мрежа.

Kante Goal HD – Chelsea 1-0 Manchester United… by dailyfootballkick

Се вчитува...