Канте од лето се сели на „Сантијаго Бернабеу“?

Нема топка што може да го помине Н’Голо Канте. Фудбалерот за врска што минатата сезона со Лестер ја освои Премиер – лигата, сега е на прагот да го повтори успехот со Челси. И токму тој беше многу важен дел од машинеријата на тогашниот менаџер на Лестер, Клаудио Раниери, а и сезонава е незаменлив во составот на Антонио Конте.

Ги согледа овие статистички показатели и негови карактеристики и Реал Мадрид, и ќе понуди 50 милиони евра за неговите услуги во летниот преоден рок. „Кралевите“ го имаат Кашемиро, како и Лука Модриќ и Матео Ковачиќ, но, сепак, Н’Голо Канте е „новиот Макелеле“, а тој исто така своевремено беше член на Реал Мадрид. Последниот збор сепак ќе го има Челси, со оглед дека Французинот има актуелен договор кој го обврзува да остане на „Стемфорд бриџ“ најмалку уште три сезони.

Се вчитува...