Канзас со историски пресврт до титулата во НЦАА лигата

Кошаркарите на Канзас Џејхокс се нови шампиони во НЦАА лигата откако остварија триумф над Северна Каролина во финалето на плеј-офот. Канзас стигна до трофејот благодарение на големиот пресврт, откако се вратија од минус 15 поени, и победија со резултат 72-69.

Џејхокси така стигнаа до својот четврти трофеј, а прв после 2008 година.

После катастрофалното прво полувреме во кое постигнаа само 25 поени, во вторите 20 минути одиграа импресивно и на крајот победија. Минус од 15 поени на полувремето е четврта најголема разлика која една екипа од НЦАА лигата успеала да надомести.

Дуелот го реши Дејвид Мокормак во самиот финиш на средбата, откако на 1:20 до крајот погоди хорок и донесе предност. Во следниот напад Северна Каролина изгуби топка, а Мекормак погоди тројка на 22 секунди до крајот. На крајот се покажа дека тоа е конечен резултат затоа што Лав и Џонсон промашија тројки, а потоа Лав уште еднаш се обиде, но немаше поени.

Се вчитува...