Капарос: Играта на Македонија беше многу добра, па моравме соодветно да одговориме

Селекторот на Ерменија, Жоакин Капарос не го криеше задоволството што неговата селекција успеа да остане непоразена, како што вели, од едно тешко гостување во Скопје во за нив исцрпувачки натпревар со многу борба.

„На мечот можеше се да се види. Во првото полувреме влеговме подефанзивно, па во вториот дел видовме дека можеме да нападнеме и одигравме поофанзивно. Се разбира дека генерално сакаме да напаѓаме и да победиме, но Македонија одигра навистина многу добро во првото полувреме па моравме соодветно да бараме одговори на терен и бевме принудени да се браниме. Мислам дека имаше шанси и на двете страни, но мрежите мируваа. И двете селекции остануваат во игра за висок пласман во групата, има уште многу да се игра во оваа група. Не обрнуваме внимание на табелата, гледаме само од натпревар на натпревар“ – истакна Капарос по денешниот реми со Македонија.

Се вчитува...