Капарос: Македонија има нов селектор, но поголемиот дел од тимот е истиот

Македонија утре ќе ја пречека Ерменија во четвртиот натпревар од квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар во 2022 година. Селекторот на Ерменците, Хоакин Капарош вели дека иако Македонија има нов селектор поголемиот дел од екипата е исто како и на претходните натпревари меѓу овие два тима.

„Имате нов селектор но 80 отсто од екипата е иста. Треба ние да дадеме максимум. Работи како промена на генерации ќе се случуваат, фудбалери и тренери доаѓаат и си заминуваат. Се разбира планираме да играме тимски. Мкхтаријан е одличен играч со големо искуство и талент. Се надевам дека дел од искуството ќе го пренесе на остатокот од тимот на утрешниот натпревар против Македонија“, изјави Капарос. 

Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...