Капарош го објави списокот за дуелите против Македонија и Германија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Ерменија, Жоакин Капарош го објави списокот за последните два натпревари од мундијалските квалификации против Македонија и Германија.

Во ростерот нема изненадувања, а селекцијата ќе ја предводи капитенот и најдобар фудбалер, Хенрик Мкхтарија. Покрај Мкхтаријан во екипата се и поранешните „вардарци“, Тигран Барсегијан и Хованеш Хамбарѕуријан.

Натпреаврот меѓу Македонија и Ерменија ќе се игра на 11. ноември на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 18 часот.

 

Се вчитува...