Ерменската репрезентација на теренот на стадионот на Македонија ЃП ги реализира подготовките за натпреварот во четврток против Македонија во квалификациите за СП 2022.
Селекторот на Ерменците, Жоакин Капарош финалните тактики пред дуелот со македонскиот состав ги крои на стадионот во Ѓорче Петров.
Ерменија ќе биде ослабено со отсуството на тројца важни играчи централниот дефанзивец Вараждат Харојан од Кадиз, левото крило Корен Бајрамјан од руски Роштов и поранешниот напаѓач на Вардар а актуелен фудбалер на казахстанска Астана, Тигран Барсегјан.
Сепак, во однос на претходните квалификациски натпревари, во тимот повторно се враќа убедливо најдобриот ерменски фудбалер Хенрик Мкхитарјан кој ќе биде огромно засилување за средниот ред на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА