Капело: Респект за Македонија, но таа нема да биде проблем за Италија

Поранешниот италијански стратег Фабио Капело има големо мислење и почитување за фудбалската репрезентација на Македонија, но дека Италија не смее да помисли дека би требала да има проблеми против неа на мечот кој ќе се игра утре на „Енцо Барбера“ во Палермо.

Тој за италијанските медиуми вели дека вистински проблем за „аѕурите“ ќе биде дури натпреварот во финалето од баражот во кој тие ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

„Секоја чест за Македонија. Таа е добра репрезентација, но не можеме да мислиме дека се непремостлива пречка. Италија мора да победи на овој натпревар, тоа е задолжително, тука нема дилеми. За мене вистинскиот ривал ќе биде во финалето, Португалија или Турција“, изјави Капело.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија кој ќе се игра на „Енцо Барбера“ во Палермо е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...