Капитените ги избраа тимовите за НБА Ол-стар натпреварот

Согласно новите правила за организација на НБА Ол-стар мечот, капитените на двата тима, Леброн Џејмс и Јанис Антетокуомпо ги одбраа составите во своите тимови за собирот на кошаркарските ѕвезди.

На годинашниот Ол-стар собир нема да има класичен натпревар меѓу Западот и Истокот, па Леброн и Јанис одбираа онака како што мислат дека ќе биде најдобро за нивниот тим.

Леброн Џејмс се одлучи во својата стартна петорка да ги смести и Харден, Дурант, Ирвинг и Ленард, а на клупата за резерви ќе ги има и Олдриџ, Дејвис, Лилард, Симонс, Томпсон, Бил, Таунси Вејд.

Грчкиот кошаркар, пак, се одлучи за стартна петорка со Кари, Ембид, Џорџ и Вокер а како резерви ќе ги има Јокиќ, Вучевиќ, Вестбрук,Расел, Мидлтон, Грифин и Новицки.

Се вчитува...