Капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона, со уште една година соработка, за својата богата кариера да ја заврши во црвено-црниот дрес.
Гоце Георгиевски е дете на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични настапи во екипите на Тулуз, Франција и Букурешт во Романија.
Во Вардар пристигна во сезоната 2020/21 и од тој момент, претставува незаменлив дел од клупскиот мозаик.
„РК Вардар е неизмено горд што нашиот капитен го продолжи договорот за уште една сезона и својата кариера ќе ја заврши во нашиот клуб!“ – соопштија од црвено-црниот табор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
