Капитенски: Кјелини за последен пат прокрваре за Јувентус

Џорџо Кјелини на вечершниот натпревар против Фиорентина се опрости од дресот на Јувентус во стилот во кој сме навикнати да го гледаме легендарниот стопер. Имено, во 47. минута мораше да го напушти теренот со крвава глава па на социјалните медиуми се најдоа коментари дека за последен пат прокрваре за „црно-белите“ бои.

Кјелини поголемиот дел од својата кариера ја помина во Јувенутс, но со 37-години одлучи да стави крај на една ера. Според пишувањата на доброупатениот Фабрицио Романо следниот предизвик за Италијанецот ќе биде МЛС лигата каде е на чекор до потпис со Лос Анџелес.

Се вчитува...