Каплановиќ се спакува и си замина од Куманово

Ѓорѓе Каплановиќ повеќе не е член на Куманово откако српскиот центар го раскина договорот со „сино-белите“, поднесувајќи тужба до арбитражниот суд БАТ за да си го наплати договорот што го имаше со овој македонски прволигаш.

Србинот бил незадоволен поради долговите на управата кон кошаркарите, а трпението го загубил на почетокот од оваа седмица, кога дефинитивно решил да си замине, воопшто не доаѓајќи на понеделниот дуел со Академија ФМП.

Куманово се соочува и со сериозна резултатска криза, овој тим има четири порази во серија во домашното првенство, поради што е неизвесна и иднината на тренерот Ѓоргиевски.

„Сино-белите“ се обидуваат да издејствуваат враќање на Американецот Ливингстон, кој не се снајде најдобро по трансферот во Младост Земун, но најпрвин ќе мора да се решат финансиските проблеми и долговите кон актуелниот играчки кадар.

Се вчитува...