Капуе ги предупредува соиграчите: „Енфилд“ е најпеколниот стадион во цела Англија

Етиен Капуе е еден од ретките фудбалери на Вилјареал кои имаат играно против Ливерпул на „Енфилд“, па францускиот интернационалец ги предупреди соиграчите на жестоката атмосфера што ќе ги очекува во овој фудбалски храм.

Капуе своевремено настапуваше во Премиер-лигата носејќи го дресот на Тотенхем и на Ватфорд и добро знае каков дочек ќе има „жолтата подморница“ од англиските фанови.

„Да се игра на Енфилд е вистински пекол. Тоа е најдобар опис со еден збор – пекол. Тоа е најлошиот стадион на кој можеш да гостуваш во Англија. Атмосферата е неверојатна, а навивачите им даваат толкава дополнителна сила на самите фудбалери, кои се надминуваат себе. Се трча на сите делови од теренот, не престануваат да се обидат да дадат гол, а кога ќе се случи да дадат, веднаш тргнуваат по нов, и нов гол… Не им е гајле кој е од спротивната страна, само сакаат да стигнат до што поубедлива победа“, изјави Капуе.

Се вчитува...