Карачиќ и Борозан се враќаат на терен

Ракометарите на Вардар утревечер (20.15 часот) го пречекуваат Железничар Ниш во СЕХА – лигата, а во составот на „црвено-црните“ најверојатно ќе се вратат и двајцата ракометари кои досега отсуствуваа од теренот, Игор Карачиќ и Вуко Борозан.

„Карачиќ и Борозан се чувствуваат подобро и доколку денеска добијат дозвола тогаш може утре и да добијат шанса за да играат против Железничар. Ќе се обидеме да бидеме подобри отколку со Металург. Треба да ги искористиме овие мечеви и да се подготвиме подобро за стартот во Лигата на шампионите“, изјави Парондо.

Се вчитува...