Карачиќ останува во Вардар и во наредната сезона

Хрватскиот репрезентативец, Игор Карачиќ, ја продолжува соработката со Вардар и во наредната сезона, дознава порталот 24ракомет.мк.

Иако уште од лани се шпекулираше дека Карачиќ преговара со Веспрем, тој сепак реши да остане во Скопје и да го продолжи договорот со Вардар за уште една сезона.

Хрватскиот среден бек во составот на Вардар дојде во 2012 година од екипата на Босна, кога „црвено-црните“ ги предводеше Веселин Вујовиќ. Во изминативе пет години се наметна како еден од носителите на играта на македонскиот шампион. Карачиќ на плејмејкерската позиција оваа сеозна дели минутажа со својот сонародник Лука Циндриќ, а од следната сезона во Вардар доаѓа и Србинот Јања Војводиќ.

Според најавите од „Јане Сандански“ деновиве ќе биде дефиниран статусот и на преостанатите играчи на кои договорите им завршуваат на крајот на сезоната. Овој месец, Вардар го очекува настапот на Ф4 турнирот во регипналната СЕХА лига (7-9 април), а потоа четвртфиналниот дуел со Фленсбург во Лигата на шампионите (19/23 и 26/30 април).

Се вчитува...