Карачиќ: Ова беше одлична увертира за тоа што не очекува со Кил!

Организаторот на играта на „вардарци“, Игор Карачиќ не го криеше задоволството од новиот освоен трофеј во СЕХА регионалното натпреварување…

„Ова е навистина прекрасно. Извонредна атмосфера и би му честитал на организаторот за прекрасната организација. Се беше на врвно ниво, и во еден таков амбиент наша должност беше да одиграме најдобро што можеме во полуфиналето и во финалето, да дадеме максимум и да дојдеме до тоа што сите го очекуваа – Вардар на врвот. Во финалето победата дојде малку потешко, но сепак дојде“ – ни изјави Карачиќ по финалето притоа дополнувајќи:

„Сега ни остануваат неколку денови добро да се подготвиме за Кил. Ова за нас беше добра увертира за тоа што не очекува со германскиот тим“.

Се вчитува...