Караџовски: Вината за поразот е само кај нас

Плејмејкерот на Куманово, Димитар Караџовски, вината за денешниот пораз на актуелниот вицешампион ја побара исклучиво во редовите на кумановци, кои дозволија помотивираниот противникот далеку подобро да го отвори мечот и на крајот да стигне до победата.

„ Овие натпревари од Купот не се одлучуваат секогаш во однос на тоа која екипа е подобра, или има поголем буџет, туку психолошкиот момент и мотивираноста се клучни. Честитки за победата на Работнички. Тие беа подобри од нас денес, во мечот влегоа помотивирани и притоа добро го отворија натпреварот, откако сите играчи погодија од далечина. Цело време беа во предност, па вината за поразот вечерва е само во нашите редови“ – изјави Караџовски.

Тренерот Марјан Србиновски го посочи слабиот старт како клучен момент на оваа средба.

Видовте и сами дека лошо го отворивме натпреварот бидејќи бевме импресионирани премногу и тоа го искористи екипата на Работнички. Нивните главни играчи се разиграа уште на почетокот, ги погодија шутевите и со 13 разлика по само една четвртина нас ни беше многу тешко да се вратиме. Крајот некако го добивме, но сепак не беше доволно. Имавме два избрзани напади каде ја прокоцкавме шансата кога имавме само пет поени негатива. Тоа беше вистинскиот момент, но денес концентрацијата не ни беше појака страна. Имавме многу отсутни играчи, имавме и проблеми со повреди и ограничена ротација. Но тоа е спортот. Кога ќе почнете вака лошо со еден Работнички тешко е да се игра еден натпреавр. На нас останува да се подготвиме за следните предизвици во Суперлигата“ – истакна Србиновски.

Се вчитува...