Карагер: „Погба е најпреценетиот играч што сум го видел во животот“

Мнозинството е согласно, доаѓањето на Погба од Јувентус за 105 милиони евра е „промашена инвестиција“, смета Џејми Карагер, поранешниот капитен на Ливерпул и еден од најдобрите фудбалски аналитичари за Премиер-лигата.

Откако Мино Раиола објави дека се ближи крајот на соработката меѓу Погба и Манчестер Јунајтед, Карагер е еден од многумината кои сметаат дека „црвените ѓаволи“ треба што поскоро да се ослободат од францускиот играч за врска.

„Ослободете се од него, тоа го велам веќе 12 месеци. Боже мој, тој е најпреценетиот играч што сум го видел во животот“, тврди поранешниот играч на Ливерпул.

Јунајтед дефинитивно сака да се ослободи од Погба. Наместо Французинот, Оле Гунар Солскјер веќе направи „експеримент“ и ги стави Скот МекТоминеј и Фред во дуелот против Вест Хем, како опција го има ветеранот Матиќ, а тука е и летново засилување Дони ван де Бек.

Се вчитува...