Карагер со директна провокација ги исмеја играчите на Клоп: Тие имаат џуџест менталитет

Ливерпул значително ги намали шансите за пласман во Лигата на шампионите со новиот пораз на „Енфилд Роуд“. По поразот од 0-1, критиките дојдоа на сметка на „црвените“.

Џејми Карагер, легендарниот стопер на тимот од „Енфилд роуд“, упати директна провокација и можеби ја претстави вистинската слика за моменталната форма на играчите на Клоп.

“Ливерпул минатата сезона успеа да постигне погодоци во финишот и да победи или да го врати натпреварот во негова полза. Во тој период, како и Клоп, тие имаа менталитет на гиганти, а денес имаат менталитет на џуџиња. Секогаш кога ќе примат гол или кога противникот ќе преземе иницијатива, тие не знаат како да реагираат, тоа се случува веќе три или четири месеци”, рече Карагер.

Ливерпул се наоѓа на 8-та позиција во Премиер лигата, го делат само четири бодови до четвртото место, но има и натпревар повеќе од Челси.

Се вчитува...