Каракамишев е најново засилување на Тиквеш

Тиквеш и покрај храбрата игра не успеа да стигне до бод во првото коло против шампионот Шкендија, а кавадарчани веднаш потоа ангажираа уште едно ново име во своите редови.

Станува збор за Ристе Каракамишев, одбранбениот фудбалер што досега го носеше дресот на Силекс, а од денеска и официјално ќе ги брани боите на Тиквеш.

„Каракамишев Ристе е новиот фудбалер во нашиот клуб. Тој ќе ја потполни испразнетата стоперска позиција. Каракамишев ќе биде во комбинација за Неделниот натпревар против екипата на ФК Борец од Велес. Ристе доаѓа од екипата на ФК Силекс од Кратово.
Му посакуваме многу успех во црвено белиот дрес“, објави Тиквеш на официјалниот профил на фејсбук.

Се вчитува...