Каракамишев потпиша за албанскиот прволигаш Билиш Балш

Досегашниот член на кавадаречки Тиквеш, Ристе Каракамишев својата кариера ја продолжува во албанскиот прволигаш Билиш Балш.

27-годишниот централен дефанзивец летово се раздели со Тиквеш, и одлучи да ја прифати понудата на Билиш Балш, кој по стартот на сезоната во Албанија е на втората позиција на табелата. Во редовите на Билиш Балш настапува и поранешниот македонски репрезентативец Александар Дамчевски.

Каракамишев претходно во својата кариера има настапи и за Кожуф, Силекс и Скопје.

Се вчитува...