Каранка доби отказ од Мидлсброу

Аитор Каранка од денеска повеќе не е менаџер на Мидслброу, откако раководството на англискиот премиерлигаш му се заблагодари за досегашната соработка врачувајќи му отказ. Ваквиот развој на настаните следи откако Мидлсброу падна во сериозна резултатска криза, не славеше на последните десет натпревари во Премиер-лигата, а рутински беше елиминиран и од ФА Купот на Англија.

Сакам да му се заблагодарам на раководството на Мидлсброу за укажаната шанса, на играчите и на сите во клубот за соработката во овој период. Исто така би сакал да им се заблагодарам на играчите и на сите луѓе во клубот за беспрекорната соработка. Им посакувам на сите многу среќа во иднина“ – изјави Каранка.

Мидлсброу падна на претпоследното место на табелата со 22 бода, три помалку од Кристал палас на 17. позиција. Оваа екипа во следното коло од Премиер-лигата ќе го пречека тимот на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...